ФОТО | Мали креативци: Децата на познатите мајки им го честитаа 8 Март
Празникот денес измами многу насмевки и на инстаграм-заедницата, каде многу мајки од естрадата, инфлуенсерки или познати инста-мајки, споделија како нивните најмали и најмили ги изненадиле со пригодна честитка за 8ми март.
Препорачано
Вештите рачиња направија прекрасни изработки, а мајките гордо ги споделуваа честитките на своите профили, на задоволство и радост на нивните следбеници.
Пејачката Тамара Тодевска сподели фотографија на „стори“ со прекрасен цвет, честитка изработена од нејзината ќеркичка Хана.

Инста мајката Маја Буце сподели прекрасна фотографија на која напиша „Таа е мојата честитка“, на која е нејзината ќерка.

Инфлуенсерката Миа Костова сподели исто така „стори“ од изработена честитка од незјиниот син Андрија.
Инста мајката Драгана Николоска сподели фотографија од честитки направени со помош на детските вешти рачиња.
View this post on Instagram
Инфлуенсерката Заза исто така сподели стори на кое напиша „Најубавиот подарок“, а тоа е честитката од нејзината ќеркичка.

И навистина нема поубав подарок за една жена од креативните вештини од најмалечките раце што најмногу се радуваат!


