Џоан Колинс на Филмскиот фестивал во Кан/Фото: EPA/TERESA SUAREZ

ФОТО | Легендарната Џоан Колинс го прослави 93-от роденден и изгледа одлично – ова е нејзината тајна

Џоан Колинс, која вчера го прослави 93-от роденден, пред неколку дена ги засени двојно помладите колешките на црвениот тепих во Кан. Таа донесе допир на вистински гламур на Филмскиот фестивалот во Кан.

Легендарната актерка носеше скулпторски бел фустан инспириран од орхидеја со долга наметка од колекцијата висока мода на францускиот дизајнер Стефан Роланд. Во фустанот, во комбинација со драматични црни свилени ракавици, дијамантски накит и подеднакво украсени чевли, Колинс зрачеше со енергијата на Алексис Карингтон. Тоа беше потсетник на 1980-тите, кога британската актерка, како интригантна кралица на серијата „Династија“, практично ги одредуваше модните правила.

Џоан Колинс со францускиот актер Лорен Лафит на Филмскиот фестивал во Кан/Фото: EPA/TERESA SUAREZ

– Беше многу возбудливо. Мојот гламурозен тим ме среди, фризурата, шминката. Изгледав… Па, нема да кажам како изгледав, но можете да прочитате што напишаа за тоа – изјави Колинс за „Дедлајн“.

А странските медиуми напишаа дека била најелегантната жена на црвениот тепих, дека им одржала лекција по мода на сите и покажала што е актерска дива.

Колинс не беше во Кан само за да се потсети на златното доба на филмот. Таа беше таму за да го промовира својот најнов филм, „Мојата војвотка“ (My Duchess). Филмот, во режија на Мајк Њуел („Четири свадби и еден погреб“) и напишан од Луиз Фенел, зборува за една од најпознатите жени на 20. век, Волис Симпсон, војвотката од Виндзор. Поради таа разведена Американка, разведена, кралот Едвард VIII, подоцна војвода од Виндзор, се откажа од британскиот престол.

Филмот се занимава со последните години од нејзиниот живот, кои ги поминала во Франција, во вилата Виндзор во срцето на шумата Булоњ. Таа живеела под контрола на Сузан Блум, адвокатка што ја игра Изабела Роселини. Дејствието на филмот започнува по смртта на војводата од Виндзор во 1972 година и го следи физичкиот и менталниот распад на војвотката под контролата на Блум.

Филмот во моментот е во постпродукција, а во киносалите треба да пристигне кон крајот на оваа година. Но, Колинс веќе има нов проект, ќе ја снима драмата „Незаборавно“ (Unforgettable), за режисер кој ги губи сите пари и се сели во Индија. Заедно со неа,  во филмот ќе глумат Франко Неро и Мариса Беренсон.

Колинс го прослави својот 93-ти роденден без многу помпа, а непосредно пред тоа, им се заблагодари на своите следбеници на Инстаграм кога ја помина бројката од 600.000. Таа е доста активна на социјалните мрежи, објавува приказни од зад сцената, се потсетува на својата кариера од 1950-тите, понекогаш дава модни совети и зборува за семејството и пријателите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Инаку, Џоан Колинс е во брак со 61-годишниот Перси Гибсон.

Џоан Колинс со сопругот Перси Гибсон/Фото: EPA/NINA PROMMER

Неколку дена пред роденденот, таа им откри на британските медиуми една од тајните на нејзиниот младешки изглед и витка фигураавокадото.

– Квалитетот на она што го јадете е подеднакво важен како и квалитетот на производите што ги користите. Се трудак да јадам урамнотеженп. Мислам дека јадењето авокадо е многу корисно и верувам во земањето витамински додатоци, земам витамин Ц, Е и омега масла – изјави таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Колинс рече дека авокадото е добро за срцето и против зголемен холестерол, а и дека е заситувачко, па тоа ѝ помага да избегнува јадење доцна навечер.

– Никогаш не јадам доцна, не пред спиење. Верувам дека нашето тело е фабрика; треба да го храниме со правилни нешта. Ако имате одличен автомобил, не ставате лошо гориво во него. Многу сум пребирлива во врска со тоа што јадам – откри актерката.

Нејзиниот „грев“ е млечното чоколадо.

– Колку е поевтина, толку е подобра. Се почастувам. Зошто да не? – призна таа.

Легендарната актерка рече дека се обидува да биде физички активна, иако нејзините навики за вежбање се промениле со текот на годините. Порано многу танцувала, одела во вежбалница и вежбала пилатес.

– Како што старееш, не можеш да ставаш толку голем стрес на своето тело, па затоа значително го намалив вежбањето. Сè уште би сакала да танцувам повеќе, но се чини дека никој повеќе не го прави тоа – објасни таа, додавајќи дека повеќе не чувствува потреба од напорен тренинг.

Во магазинот „Мај викли“, таа откри дека веќе неколку години работи со физиотерапевт.

– Им препорачувам вежбање со физиотерапевт на постарите мажи и жени кои сакаат да останат во форма. Половина час на ден е претежно она што го правам и открив дека тоа ми дава енергија – рече актерката.

Кога ја прашале дали би посегнала по лековите за слабеење GLP-1 кои масовно ги земаат во Холивуд, таа одмавнала со раката.

– Никогаш не би ми паднало напамет. Видов премногу катастрофални лица, се пошегував и заклучив: Мислам дека ако сакате да ослабете, мора да го намалите внесот на калории. Но, сакате да уживате во животот. Не сакате да живеете на стебленце целер – заклучила легендарната Џоан Колинс.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

ФОТО+ВИДЕО | Безвременски гламур на црвениот тепих — иконите на Холивуд, Џоан Колинс и Џејн Фонда, го освоија Кан

ФОТО | Џоан Колинс прослави 24 години брак со 32 години помладиот сопруг

ФОТО | Џоан Колинс прослави 24 години брак со 32 години помладиот сопруг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот