Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Џоан Колинс прослави 24 години брак со 32 години помладиот сопруг

Актерката Џоан Колинс на 92 години изгледа поубаво и посреќно од кога било, а сето тоа е благодарение на нејзината сродна душа што ја пронајде во Перси Гибсон (61).

Британската актерка Џоан Колинс ја прослави 24-годишнината од бракот со сопругот Перси Гибсон, а тоа го сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Колинс сподели фотографија од двојката од венчавката на нејзиниот син Александар Њули во 2025 година и напиша:

„24 години од свадбата. Ти благодарам драг Перси што ми го направи животот прекрасен“, пренесува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Џоан и Перси се венчаа во февруари 2022 година, две години откако се запознаа додека работеа на претставата „Љубовни писма“, која тој ја продуцираше.

– Веднаш се согласивме – изјавила Колинс за „Дејли мејл“.

– Тој беше забавен, привлечен, згоден, а по претставата се дружевме со мојот колега Џорџ Хамилтон и мојата ќерка Кејти. Иако Перси е… три децении помлад од мене, тоа не беше важно бидејќи другарството меѓу нас растеше за време на таа шестнеделна театарска турнеја – додала таа, пред да открие дека се поврзале поради „заеднички вредности“ – рекла актерката.

Џоан беше мажена четирипати пред да го запознае Перси. Првиот брак се случи во 1952 година со Максвел Рид, но се разведоа четири години подоцна.

Со Ентони Њули се омажи во 1963 година и со него ги има децата Тара и Александар.

Со Рон Кас се омажи во 1972 година и ја доби ќерката, Катјана, пред да се разведат во 1983 година.

Двегодишниот брак со Питер Холм траеше две години, од 1985 до 1987 година.

Актерката еднаш сподели со „Хелоу“ што мисли дека е тајната на нејзиниот среќен брак со Перси, откривајќи дека тој е нејзина „сродна душа“.

– Мислам дека тајната на среќниот брак е во тоа што навистина треба да се поддржувате еден со друг. Разберете дека ќе има подеми и падови. Нема секогаш да се согласувате за сè, но треба да уживате во меѓусебното друштво – објаснила таа.

– Перси е толку неверојатен човек, толку е љубезен и толку грижлив. Луѓето се венчаваат на врвот на страста. Кога тоа ќе исчезне, тие почнуваат да мислат: „Што по ѓаволите? Кој е тој човек?“ Мора да има нешто друго на кое можат да се потпрат. Ако не постои, почнуваат да го бараат – рекла актерката.

Колинс додала дека нејзините деца и внуци исто така го обожаваат.

– Тој е прекрасен со нив, исклучително трпелив. Секогаш одговара на повици за помош кога на некој од нив ќе му биде украден компјутерот или ќе му падне телефонот во тоалет. Некако успева да среди сè, дури и кога е во друга земја.

Перси дури и ја придружувал ќерката на Џоан, Тара, до олтарот на денот на нејзината венчавка во 2016 година, откако нејзиниот татко, Ентони Њули, починал во 1999 година.

ВИДЕО | Џоан Колинс знае како да живее на 91 година: Ужива на јахта со 32 години помладиот сопруг

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот