17 C
Скопје

ФОТО | Легендарната актерка наполни 99 години: Мажите за мене секогаш беа хоби, иако тие не го знаеа тоа!

Златната девојка на Холивуд и на сите омилената актерска легенда Бети Вајт наполни 99 години. Зад неа цврсто стои блескавата кариера исполнета со повеќе од 120 улоги, а како што вели таа, уште долго планира да се занимава со актерството.

Таа го стекна статусот американско национално богатство, а публиката ширум светот на памет може да ги изрецитира нејзините легендарни реченици од сериите како „Златни девојки“ и „Лудница во Кливленд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty White (@bettymwhite)

Таа е екстремно талентирана актерка која го краси речиси секој американски ситком, а за првпат се прославила на само 16 години, но по појавата на Втората светска војна морала да волонтира во војската. Со сериозната кариера започнала дури по 1945-та година и тоа како водителка, а подоцна како актерка.

Прочитајте и...  Повеќе не е најбогат човек на светот: Илон Маск загуби 15 милијарди долари
Фото: Профимедиа

Издвоивме неколку од нејзините најпознати и најдуховити изјави:

– Луѓето често ме прашуваат: Што се уште не сте изработиле во работата, а отсекогаш сте го сакале?, а мојот одговор секогаш е ист – Роберт Ретфорд.

– Секогаш ме привлекувале постари мажи. Но, постои еден проблем – во мои години не останаа многу од нив.

Фото: Профимедиа

– За убавина се потребни осум часа сон, доколку сте премногу грди, тогаш девет.

– Мислам дека водката е еден вид на добро хоби.

Фото: Профимедиа

– Пријателите ме наговараа да отворам профил на Фејсбук за полесно да ги пронајдам старите пријателства, но мене за таа цел ми треба табла за повикување духови.

– Мажите отсекогаш беа мое хоби, иако тие не знаеа за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty White (@bettymwhite)

– Јас сум вистински вљубена во здравиот живот, мојата омилена храна се помфритот и виршлите. А кога станува збор за вежбањето – јас живеам во куќа на два ката, а бидејќи сум често заборавена, морам постојано да одам по скалите горе доле.

Прочитајте и...  Ова е препорачаната количина на црвено месо што можете да ја консумирате во еден ден

– Мојот проблем со пластичната хирургија е тоа што кога ќе ги сретнам старите пријателки јас не ги препознавам. Само гласот им го препознавам, но тука пред мене стои некое лице кое никогаш не сум го видела. Затоа не го очекувајте тоа од мене.

– Многу ги сакам децата, но тие сепак растат во возрасни луѓе, па токму затоа повеќе ги сакам животните отколку луѓето.

Фото: Профимедиа

Бети веќе влезе во историјата на кинематографијата, таа во 2014 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како актерка со најдолга кариера – таа цели 82 години ги поминала на екранот. Таа се уште гордо ја носи оваа титула.

Фото: Профимедиа

Бети во текот на кариерата е номинирана 20 пати за Еми наградата, од кои освоила дури 7 Еми награди. Во 2009 година благодарение на улогата во филмот „Веридба“ со Сандра Булок нејзината популарност нагло порасна. Во 2011 година таа беше прогласена за најпопуларна и најомилена јавна личност во САД.

Прочитајте и...  ВИДЕО | ПМГ колектив и Принцес Донатсу ги споија силите: Слушнете како звучи синглот „Принцеза“

Среќен роденден Бети Вајт!

Поврзани вести

Тапанарот Драгољуб Ѓуришиќ кој свиреше во „Леб и сол“ заврши во болница поради коронавирус

Слободен Печат

Во Дојран се снимаат завршните сцени од македонско-грчко-германскиот филм „Зад стоговите сено“

Слободен Печат

Џорџ Клуни прозборе за семејниот живот и новите хобија за време на пандемија

Слободен Печат

Зошто некои лица кои прележале ковид-19 не можат да јадат кромид?

Слободен печат

Менди Мур и Тејлор Голдсмит станаа родители

Слободен Печат

Ова е препорачаната количина на црвено месо што можете да ја консумирате во еден ден

Слободен печат

Остави Коментар