ФОТО | Кралицата Летиција покажа дека и седата коса може да биде многу елегантна
Шпанската кралица Летиција привлекла внимание во текот на појавувањето во Мадрид со сопругот, 58-годишниот крал Фелипе. Кралската двојка посетила едно угостителско училиште, а во таа прилика 53-годишната кралица уште еднаш покажала дека седата коса може да изгледа елегантно, модерно и многу дотерано.
Препорачано
Природен изглед кој совршено ѝ стои
Летиција останала верна на својот препознатлив, природен стил. Косата ја носела долга и права, разделена на страна, а во нејзината темнокафеава коса јасно се гледале седи прамени кои не се обидела да ги скрие. Токму тие прамени дополнително го нагласиле нејзиниот природен изглед и самодоверба.
Целиот впечаток го надополнила со децентни детали. Избрала мали сребрени обетки во форма на молња и ненаметлива шминка, додека модната комбинација ја заокружила со светлосина блуза со панделка околу вратот, модно парче кое со години е познато како класика на елегантна женска облека.
View this post on Instagram
Порака против опсесијата со младоста
Многумина веруваат дека кралицата Летиција и со ова издание испратила јасна порака против сеприсутната опседнатост со младоста и потребата по секоја цена да се сокријат знаците на стареење. Кралицата на Шпанија повеќепати покажа ја претпочита естетиката на природноста, како и дека својата елеганција ја наоѓа токму во ненаметливоста и едноставноста.
Кралицата и кралот Фелипе, кои се во брак повеќе од 20 години, често заедно учествуваат на јавни настани, а Летиција притоа редовно привлекува внимание со своите одмерени модни изданија и природниот изглед.
Една од најдобро облечените жени во светот
Многумина ја сметаат кралицата Летиција за една од најголемите модни икони во светот. Магазинот „Венити фер“ ја вклучи во топ 10 најдобро облечени жени, а бројни странски медиуми редовно пишуваат за нејзиниот елегантен стил, но и за едноставните и достапни модни избори. Освен креации од светски познати дизајнери, често може да се види како носи и „хајстрит“ брендови.

Поранешна новинарка
Кралицата Летиција од Шпанија е поранешна новинарка и ТВ-водителка, која пред бракот со кралот Фелипе VI работела за медиумски куќи како што се Си-ен-е и шпанската национална телевизија ТВЕ.
Таа е родена во 1972 година во Овиедо, а нејзиниот брак со тогашниот принц Фелипе во 2004 година ѝ ја донесе титулата принцеза, а подоцна и кралица. Кралицата Летиција е позната по својата посветеност на социјалните прашања, вклучувајќи го образованието, здравството и борбата за правата на жените.
Скандал на шпанскиот двор: Поранешниот зет на кралицата Летиција тврди дека имале афера


