Кралицата Камила/Фото: Foto - / INSTAR Images / Profimedia Aaron Chown, PA Images / Alamy / Profimedia

ФОТО | Кралицата Камила платила 1.700 евра за нови веѓи и еве како изгледа по третманот

Сопругата на британскиот крал Чарлс Трети, кралицата Камила одлучила малку да го освежи својот изглед, па го избрала популарниот козметички третман – тетовирање на веѓите. Како изгледа тој детаљ сега, можело да се види пред неколку дена на свечениот прием по повод посетата на претседателот на Нигерија во Бакингемската палата.

Козметичкиот третман што го избрала кралицата Камила подразбира пополни и подефинирани веѓи, а за разубавување на своето лице ја избрала лондонската козметичарка Сузан Мартин. Таа е специјалистка за полутрајна шминка во Лондон, а позната е како „кралица на веѓите“ поради својата способност да им даде на клиентите совршени веѓи.

Третманот на кој била подложена сопругата на кралот Чарлс чини околу 1.870 долари, односно околу 1.720 евра, пишува „Пипл“.

Кралицата Камила со новите веѓи/Фото: Принтскрин/Инстаграм/suzannemartinaesthetics

Кралицата Камила претходно имала подебели и потемни веѓи, па дури и помалку дефинирани. Моментално, бојата на нејзините веѓи е поинтензивна бидејќи постапката е направена неодамна. Со текот на времето, таа боја станува посветла и поусогласена со тенот, па со самото тоа е и поприродна, што е и целта на третманот.

Постапката се нарекува Couture Brow и подразбира исцртање на секое поединечно влакно на веѓите со помош на специјален молив за тетовирање. Пред третманот се вршат консултации, клиентот ја избира својата омилена нијанса, а пигментот се внесува директно под горниот слој на кожата.

Кралицата Камила со новите веѓи/Фото: Aaron Chown, PA Images / Alamy / Profimedia

За да се добие полн ефект, се изведуваат две сеанси од 90 минути. За резултатот да трае подолго, потребни се нови третмани, кои се изведуваат на секои осум до девет месеци и чинат 1070 долари, односно 980 евра.

Сузан Мартин ги разубавува веѓите на многу познати личности во Велика Британија, како што се пејачките Ел Гулдинг и Ду Липа.

Принцот Вилијам му постави ултиматум на принцот Хари: Разведи се од Меган и ќе ти дозволам да се вратиш во семејството

ФОТО+ВИДЕО | Кралот Чарлс Трети го откри својот прв портрет по крунисувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот