ФОТО | Кошули кои секогаш ја „спасуваат“ комбинацијата кога „немате“ што да облечете
Оваа сезона моделите доаѓаат во верзии кои лесно се вклопуваат во различни стилови, од утрински состаноци до опуштени попладневни кафе-дружби. Кошулата е едno од оние парчиња кои секогаш имаат свое место во гардероберот, но во пролетниот период таа посебно доаѓа до израз.
Препорачано
Доволно е лесна за слоевито облекување, а сепак доволно структурирана за да му даде уреден и софистициран изглед на целиот аутфит.

Пролетна свежина во пастелни тонови
Оваа сезона особено се издвојуваат моделите во пастелни бои. Нежните нијанси на сина, розова и жолта внесуваат вистинска свежина во секојдневните комбинации. Покрај нив, тука се и класичните варијанти во бела и светло сина боја, како и моделите со дискретни риги или интересни дезени кои му даваат карактер на изгледот.

Кроеви за сечиј вкус
Изборот е голем, од класични и благ „oversized“ модел, па сè до женствени силуети кои лесно можат да се стилизираат за на работа, но и за неформални прилики.

Како да ги носите?
Нивната најголема предност е приспособливоста. Можете да ги носите на навистина различни начини:
- Со панталони и блејзер за професионален деловен изглед.
- Со фармерки за секојдневни, лежерни комбинации.
- Како лесен слој преку обичен топ или фустан за помодерен ефект.




