Меган Маркл, принцот Хари и принцезата Лилибет / Фото: EPA-EFE/AFOLABI SOTUNDE / Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Колку пораснала! Меган објави досега невидена фотографија од принцот Хари со ќерката Лилибет

Меган Маркл ги воодушеви обожавателите споделувајќи досега невидена фотографија од принцезата Лилибет како дел од објавата за одбележување на Меѓународниот ден на жената.

Фотографијата беше објавена заедно со три други фотографии кои ги слават силните жени, според Маркл, вклучително и онаа на која Меган и нејзината мајка Дорија Рагланд се насмеани додека прават селфи. На фотографијата со Хари, принцезата Лилибет, која има три години, седи во скутот на нејзиниот татко, а тој со љубов ја бакнува во челото додека се релаксираат на брод.

Меган во описот на фотографиите напиша: „Ги славиме силните жени околу нас и девојките со соништа кои ќе станат жени со визија. Им благодариме и на оние кои нè охрабруваат секој ден“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Оваа објава доаѓа додека Меган го слави снимањето на втората сезона од нејзината серија на Нетфликс, „Со љубов, Меган“, и покрај тоа што серијата доби многу негативни критики од медиумите и гледачите. Критичарите го опишаа како „бесмислена содржина на животниот стил“ со „видлива очајна желба за слава“. Сепак, војвотката вчера ги воодушеви обожавателите во својата приказна на Инстаграм, потврдувајќи дека серијата ќе има втора сезона, која веќе е снимена.

Меган Маркл повторно мета на критики: „Ако се повлече од кралските должности, зошто сè уште ги користи титулите?“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот