ФОТО | Ким Кардашијан предизвика скандал со ќерката во Рим: „Девојчето има 12 години, зошто е облечено како возрасна жена?“
Ким Кардашијан доби критики од обожавателите затоа што ѝ дозволила на 12-годишната ќерка Норт Вест да се облече во корсет и мини здолниште за време на одморот во Рим, објави „Пејџ сикс“.
Препорачано
„Ги сакам Ким и Норт, но за мене ова е големо ‘не’“, „Многу несоодветно, Ким“, „Добро, Ким, таа има само 12 години…“, „Здолништето и чизмите се во ред, но корсетот на 12-годишно дете е премногу. И ова ви го кажува моден дизајнер кој создава облека за егзотични танчери“, напишаа некои од обожавателите на социјалните мрежи.
Kim Kardashian pictured with her 12-year-old daughter, North West, in Rome. pic.twitter.com/9EKXMUuges
— YabaLeftOnline (@yabaleftonline) August 25, 2025
Сепак, еден обожавател застана во одбрана на ријалити ѕвездата.
„Овие обвинувања се луди, луѓе, погледнете се во огледало и престанете да се грижите за неа“, рече тој.
Да потсетиме, Кардашијан ја доби ќерката Норт Вест за време на бракот со раперот Канје Вест. Поранешната двојка ги има и синот Сејнт (9), ќерката Чикаго (7) и синот Псалм (6).


