ФОТО | Кејт и Вилијам објавија преслатка фотографија од принцезата Шарлот со која испратија важна порака

инстаграм

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам споделија фотографија на социјалните мрежи на која нивната ќерка, принцезата Шарлот, нежно држи пеперутка во рацете, со цел да ги охрабри Британците да помогнат во овогодишното броење и зачувување на овие инсекти.

На фотографијата што Вилијам и Кејт ја споделија на својот Твитер и Инстаграм, шестгодишното девојче во рацете нежно држи црвен адмирал. Фотографијата сите ги разнежни.

На другите фотографии од кралската двојка, снимени во близина на семејниот дом во Норфолк, во крупен план се фотографиите на пеперутката на цвет од јоргован.

Војводата и војвотката од Кембриџ учествуваат во најголемото светско истражување за пеперутки наречено „Пребројување на пеперутките“, предводено од добротворната организација „Конзервација на пеперутки“.

Стручњаците и оваа година го повикаа населението да им помогне со учество во пребројувањето на пеперутките.
Во текот на три недели, граѓаните кои учествуваат во истражувањето поминуваат 15 минути дневно набљудувајќи ги пеперутките, а потоа своите забелешки ги внесуваат во апликацијата „Пребројување на пеперутките“.

„Сакавме да споделиме фотографии од овие прекрасни пеперутки како дел од иницијативата Big #ButterflyCount која се одржува низ Велика Британија. Зачувувањето на пеперутките сите нас нѐ поттикнува да ги броиме овие неверојатни суштества бидејќи тие не се само убави суштества кои нѐ опкружуваат, туку се и исклучително важни. Пеперутките се клучен дел од екосистемот во кој учествуваат и како опрашувачи и како дел од синџирот на исхрана“, напишале Кејт и Вилијам.

Пребројувањето започна на 16 јули, а заврши во неделата. Учесниците можеа да испратат фотографии и снимки од пеперутки преку добротворната апликација сѐ додека траеше процесот на броење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот