ФОТО | Карл-Ентони Таунс ја запроси Џордин Вудс по пет години врска
Американскиот НБА кошаркар Карл-Ентони Таунс и инфлуенсерката Џордин Вудс се свршија по пет години врска, а среќната вест ја споделија токму на Божиќ.
Препорачано
View this post on Instagram
Ѕвездата на Њујорк Никс, Карл-Ентони Таунс (30), ја запроси Џордин Вудс (28) по победата на својот тим над Кливленд Кавалирс со резултат 126:124, на натпревар одигран во „Медисон Сквер Гарден“. Запросувањето се одржа во ресторанот „Оверстори“, луксузен руфтоп простор во Њујорк со спектакуларен поглед.
На заедничка објава на Инстаграм, покрај фотографиите на кои Таунс клечи со прстен во раката, парот кратко напиша: „Merry Christmas“ („Среќен Божиќ“).
За оваа пригода, Џордин носеше бел капут и фустан, со коса собрана во елегантна опашка, додека Таунс беше облечен во кафен капут и црни панталони.
Иако се познаваа и години претходно преку заеднички пријатели, нивната љубовна врска започна во 2020 година, а јавно ја потврдија во септември истата година. Оттогаш, отворено зборуваат за својот однос и за предизвиците низ кои поминале заедно, меѓу кои и смртта на мајката на Таунс, Жаклин, во април 2020 година.
Џордин Вудс во повеќе наврати нагласила дека пријателството е темелот на нивната врска, додавајќи дека добро се познаваат и дека заедно поминале и низ тешки, но и низ убави моменти. Во претходни интервјуа, Вудс како клуч за успешна врска ги истакнала довербата, квалитетно поминатото време и силната емоционална поврзаност. Таа исто така нагласила дека се труди да присуствува на што повеќе НБА натпревари на Таунс, со цел да му пружи поддршка.


