ФОТО | Канје Вест со јавно извинување за сите испади на интернет: Уште учам!

канје вест
Канје Вест / Фото: Profimedia

Раперот Канје Вест веќе некое време на социјалните мрежи ѝ се обраќа на поранешната сопруга Ким Кардашијан, молејќи ја да се врати за повторно да бидат семејство и го напаѓа нејзиниот партнер Пит Дејвидсон. Освен бизарните потези со објавување и бришење објави на своите профили, тој ги пишуваше сите објави со големи букви.

Откако осамна нова фотографија од него на неговиот инстаграм-профил, која се надеваме нема да исчезне за брзо, Канје всушност призна дека греши и одлучи да се извини.

Во објавата тој е искрен дека тоа што го прави не е соодветен начин да комуницира со луѓето. На сликата е претставен како да стои на сцена или на чудна платформа обвиен во облаци.

„Сфатив дека пишувањето со големи букви изгледа како да врескам по луѓето. Работам на мојата комуникација. Можам да научам од тим креативни професионалнци, организатори и водачи на заедницата. Знам дека споделувањето скриншотс од разговорите не беше добро, тоа ја вознемири и Ким. Уште учам, ги немам сите одговори.
Да бидеш добар лидер треба да бидеш добар слушател“ – напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)


Инаку, Канје на почетокот на овој месец ѝ замери на Ким што ѝ дозволува на нивната 8-годишна ќерка Норт да има профил на „Тик Ток“, без да биде претходно консултиран.
Освен тоа, објави низа фотографии со кои го критикуваше нејзиното мајчинство, а и моменталното момче, Пит Дејвидсон, со пречкртување на неговиот лик. Капак на сето ова беше кога ден по раскинувањето со девојка му Џулија Фокс, испрати букети рози во камион до домот на Ким.

ФОТО | Канје Вест „едвај“ чекаше да раскине со Џулија: Испрати камион со рози за Ким

Најбизарно беше што сите овие објави беа вирални, а потоа избришани.

Коментарите под фотографијата се разновидни, од целосна поддршка, до отворен потсмев.

„Имам одлична поддршка за тебе. Вклучува и одличен христијански лиценциран терапевт. Те поздравувам, брате“
„Сите учиме, сите те сакаме, Је“
„Престани да користиш Caps Lock“

Ким Кардашијан ја објави првата фотографија по гласините за развод со Канје Вест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот