Ким Кардашијан ја објави првата фотографија по гласините за развод со Канје Вест

Instagram
Instagram

Откако светските медиуми почнаа да пишуваат дека еден од најпопуларните парови во светот, Ким Кардашијан и раперот Канје Вест се разведуваат, Ким со денови не беше активна на социјалните мрежи, но сега конечно „се врати“ со нова фотографија.

На фотографијата што ја објави на својот инстаграм – профил, Кардашијан позира само во хулахопки и долна облака со цел да го промовира својот моден бренд „Skims“. Но, еден детал особено го привлече вниманието на обожавателите.

Instagram
Instagram

Како што може да се види на фотографиите, Ким не го носи венчалниот прстен, па многумина почнаа да шпекулираат дека на овој начин таа всушност ги потврдува гласините за разводот.

Instagram
Instagram

Се чини дека веќе не ѝ е грижа што ќе мисли јавноста. Да потсетиме, извор близок до парот за „Пејџ Сикс“ изјави дека Ким веќе ангажирала адвокат и поднела барање за развод велејќи дека веќе ѝ било доста од сè.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот