ФОТО | Каде исчезна Боно – Мароканците го сменија голманот по интонирањето на химната

Фудбалската репрезентација на Мароко на СП 2022/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Ретко кој забележа дека Мароко го замени чуварот на мрежата непосредно пред почетокот на натпреварот против Белгија на Светското првенство во Катар.

Иако на теренот додека се интонираше химната на Мароко беше голманот Боно, чуварот на мрежата на Севиља, само неколку секунди подоцна беше заменет од Мунир, кога имаше тимска фотографија.

Боно побара промена на само минута пред почетокот на натпреварот, па Мунир мораше да скокне без никакво загревање…Според информациите Боно се пожали дека не му е добро (последица од натпреварот со Хрватска) и не го играше мечот.

Ретко се гледаат ваквите ситуации, но сè е според прописите…

Мароканците успеаја на крајот да триумфираат и запишат големи три бода против Белгијците (2:0).

ВИДЕО: Мароко е хит на Светското првенство, Белгијците надиграни во Доха

Видео на денот