ФОТО | Јелена Розга во бајковит фустан: Пејачката со својот изглед наликува на балерина
Фустанот, но и изгледот на Јелена, подеднакво го привлече вниманието на нејзините фанови, па фотографијата собра повеќе од 10.000 лајкови за само еден ден од објавувањето.
Позната хрватска пејачка, Јелена Розга, на својот инстаграм – профил објави фотографија на која позира во прекрасен, бајковит фустан кој наликува на балетски костим.
View this post on Instagram
„Па поубава од тебе не постои“ е еден од комплиментите што ги доби пејачката за нејзиниот младолик изглед.
„Блескаш“, „Убавице наша“, „Апсолутно најубава“, беа само дел од ласкави коментари.
Коментари под фотографијата напишаа и нејзините колешки од естрадата и јавниот живот. Нејзинита колешка Нина Бадриќ остави интересен коментар под фотографијата. Пејачката напиша „Оп“ под фотографијата на Розга, а коментарот го дополни со „емотикон“ – оган.