Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

ФОТО | Изморена и возбудена: Тамара Тодевска со нова интимна приказна

Тамара Тодевска откри интимна приказна поврзана со својата автобиографска песна „Кукла жива“.

Пејачката со полна пареа ја подготвува својата нова музичка ера. По најавата на новиот студиски албум и истоимената носечка песна, Тамара деновиве ги здружи силите со својот најблизок тим и застана пред камерите за снимање на новиот видеоспот.

Преку фотографии „зад сцената“ споделени на нејзиниот инстаграм-профил, пејачката најави уникатен концепт. На фотографиите се гледаат необични детали, како вештачки кукли (алузија на насловот на албумот), драматични корсети и прецизни подготовки на фризурата и шминката, кои ветуваат вистинско естетско и уметничко доживување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„Креативна работа со тимот со кој би одела до крајот на светот. Малку уморни, многу среќни и уште повеќе возбудени за сè што доаѓа. ‘Кукла жива’ наскоро“, напиша емотивно Тамара под фотографиите.

Овој проект е само увертира за она што следува наесен. Со големиот солистички концерт закажан за 3 октомври во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Тамара ќе одбележи значаен јубилеј, 25 години успешна музичка кариера.

Новиот албум „Кукла жива“ има 11 нови композиции создадени во соработка со Коста Петров, а комплетните аранжмани се дело на македонскиот диригент и композитор Емин Џијан, кој заедно со својот оркестар ќе ја придружува Тамара.

Според најавите, концертот нема да биде само обично ретроспективно враќање низ годините, туку комплетно музичко-визуелно шоу кое ја прикажува Тамара во нејзиното најзрело уметничко издание.

Како што претходно изјави пејачката, овој проект не е почеток од нула, туку рефлексија на сè што е таа денес: свесна, среќна и подготвена за новата ера.

„Некогаш имам чувство дека од сите нас се бара да бидеме тивки, мирни… за да се вклопиме. Да глумиме улоги, да се адаптираме на „нормалното“… Ти велат: биди помалку своја. Светот сака копија, не боја. Токму од тоа чувство се роди ‘Кукла жива’. Едвај чекам да ја споделам со вас“, најави Тамара.

Некои жени не зборуваат гласно: Тамара со емотивна приказна за мајка ѝ Брана

Со солзи во очите, Тамара Тодевска со посебен гест на годишнината од трагедијата во Кочани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот