Со солзи во очите, Тамара Тодевска со посебен гест на годишнината од трагедијата во Кочани
Тамара Тодевска направи посебен гест во чест на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади лица.
Препорачано
Таа на Јутјуб го објави хуманитарниот концерт што го одржа лани на 8 мај, во чест на загинатите. На крајот од концертот, Тамара со солзи во очите ја пее песната „Ако утре ме нема“ од „ДНК“.
– Една година по Кочани, но хуманоста, солидарноста и незаборавот мора да бидат вредностите кои ќе нѐ водат и после оваа трагедија. Хуманитарниот концерт „Пееме за Кочани“ е објавен на мојот јутјуб-канал.
Ви благодарам на сите кои купивте карти и дониравте за погодените од трагедијата. Благодарам на сите мои соработници, колеги и пријатели. Секогаш ваша, Тамара – напиша поп-пејачката на Фејсбук.
Концертот на 15 март се емитуваше на Македонската радио-телевизија.
„Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.
Многу дружби, спомени, концерти, снимања…
Многу смеење, музика и емоции…
Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали, советува…
Патувај мирно Џуџе. Секогаш ќе те сакам“, сподели Тамара на 14 октомври лани, на денот кога почина Панчо.


