ФОТО I Како да направите малата кујна да изгледа пространo: Супер практични трикови!

Фото: Профимедиа

Еве неколку совети за тоа како барем визуелно да се „зголеми” вашата мала кујна…

За многумина, кујната е најважната просторија во домот, па токму затоа е важно таа да биде пространа. За жал, ова често не е случај, но за среќа, не е потребна магија за да се зголеми кујната. Универзалното правило кога станува збор за сите мали простории, важи и овде – избегнувајте темни бои и изберете светли, по можност бела затоа што таа визуелно проширува. Покрај тоа, еве уште неколку совети како да се „зголеми” малата кујна.

Фото: Инстаграм

Плитки делови – Кога станува збор за горните делови од кујната, одамна се користат оние што се поплитки од стандардот. Но, ако вашата кујна е навистина мала, размислете да ги направите и долните помали и поплитки“. Точно, ќе изгубите на просторот за складирање, но ќе добиете простор да се движите низ кујната. Размислете и за помал  фрижидер, особено ако сте мало семејство или не готвите често.

Фото: Инстаграм

Стакло – исто како што се препорачува огледало во мали дневни соби, затоа што рефлектира светлина и ја прави просторијата поголема, така и во кујните треба да користите што е можно повеќе стаклени површини, без оглед даи на вратите од плакарите или кујнските уреди.

Фото: Инстаграм

Отворени полици – Стравот од немање доволно простор за складирање веројатно ќе ве натера да го користите секој можен агол за висечкиот дел, но одолејте му на тој порив. Еден дел резервирајте го за неколку отворени полици кои се совршени за чување работи што ги користите секој ден , а визуелно ќе се  „отвори“ простор што ќе дише. Не мора да правите специјални полици , доволно е да ја отстраните вратата од плакарчето.

Фото: Инстаграм

Совет плус: Одржувајте ја кујната уредна, бидејќи на мал простор, секој хаос е удвоен. Затоа, садовите веднаш ставете ги во машината и ставете се на место, така што кујната нема ве „гуши“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот