ФОТО | Холивудскиот заводник фатен со нова партнерка: Поради оваа бринета ја остави сопругата по 29 години брак

Фото: Профимедиа

Австралискиот актер Сајмон Бејкер (51) е виден во друштво на мистериозна бринета, а дека тука не станува збор само за пријателство, сведочат нивните најнови фотографии на кои тие разменуваат нежности на плажата Бајрон Беј во Австралија.

Сите се прашуваат која е дамата која го освоила актерското срце…

Имено, станува збор за 36-годишната Лаура Меј Гибс, ко-сопственик на спортски бренд за облека и голема обожавателка на јогата и здравиот начин на живот, како и голема противничка на било какви естетски операции и зафати.

Фото: Профимедиа

Сајмон и Лаура се запознале токму на Бајрон Беј, каде се наоѓа нејзиното модно студио, и тоа во близина на неговата фарма.

Фото: Профимедиа

Миленикот на жените и неговата сопруга Ребека ја шокираа јавноста со веста за разводот на долгиот и складен брак, иако на почетокот не беше познато дека на нивниот брак му пресудила трета личност.

„Остануваме блиски пријатели и нашите три деца ќе останат наш приоритет“, изјавија неодамна заедно за магазиот „People“.

Одделни медиуми пишуваат дека тие се разделиле уште во април минатата година, а Сајмон пред неколку недели нивната семејна куќа во Санта Моника во Калифорнија ја стави на продажба по цена од 6,3 милиони долари.

Бејкер и Риг се запознале во раните деведесетти на снимањето на серија во родната Австралија. Се венчале во 1998 година по пет години заеднички живот. Заедно имаат три деца: Стела (27), Клод (22) и Хари (19).

И Ребека се занимава со глума, а најпозната е по улогата во филмот „Fatty Finn i Ellie Parker”, а имаше и помала улога во филмот „Jerry Maguire” со Том Круз.

Нивниот брак не го одбележа ниту еден скандал, а многумина често коментираа дека тој изгледа двојно помладо од неа, иако таа е повозрасна од него само една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот