Покриена дупката кај „Капитол мол“ - Фото: „Слободен печат“

ФОТО | ЕСМ ја затрупа огромната дупка во Аеродром, дефектот ќе се санира по завршување на грејната сезона

Откако во петокот од ЕСМ Македонија добивме информација дека во понеделник ќе биде затрупана и израмнета дупката кај „Капитол мол“, вчера можевме да забележиме дека местото е целосно покриено, но останува надлежните да ги вратат бетонските столпчиња на првобитната положба од која биле отстранети.

Покриена дупката кај „Капитол мол“ – Фото: „Слободен печат“

Претходно, жители на Аеродром до нашата редакција испратија неколку фотографии од огромна дупка пред влез на паркинг во Аеродром  која повеќе од еден месец зјаеше и не беше покриена, „Слободен печат“ во петокот објави текст за овој „кратер“ кој, како што не информираа од ЕСМ Македонија, бил отворен поради санирање на дефект на цевка за парно, но поради опасноста од оставање на повеќе домаќинства без греење, поправката се одолговлекла неколку недели. Откако увиделе дека се работи за посериозен дефект, конечно, од ЕСМ одлучиле дека проблемот ќе се санира по завршувањето на грејната сезона.

Длабок „кратер“ со недели е ископан во Аеродром поради дефект на цевка за парно

Како што најавија, дупката од вчера е веќе покриена, но жителите на Аеродром можат да очекуваат дека по крајот на грејната сезона, односно по 15 април, местото ќе подлегне на активности за санирање на дефект на цевката која остана непоправена, со што на ова место повторно ќе биде раскопана голема дупка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот