ФОТО: Елмас ги комплетираше медицинските прегледи, „дијамантот“ е нов фудбалер на Лајпциг

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Објавено беше дека македонскиот репрезентативец веќе е во Германија да го комплетира трансфер во редовите на Лајпциг.

Наполи ја прифати понудата од 25 милиони евра за услугите на Елиф Елмас кој ќе има нов голем предизвик во својата кариера.

Како што известува новинарот Фабрицио Романо, нашиот фудбалски „дијамант“ ги комплетираше лекарските прегледи и го потпиша договорот со популарните „бикови“.

Наскоро се очекува потврда од неговиот нов клуб, на сликата објавена на Твитер профилот на Романи се гледаат Елмас и неговиот агент Џорџ Гарди.

Претходно претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис објави дека Елмас е продаден и дека нашиот фудбалер сака да игра повеќе на натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот