ФОТО | Елегантни, стабилни и лесни за комбинирање: Чизмите кои ги носи Џил Бајден ги обожаваат дамите од сите генерации!

Фото: Профимедиа

Џил Бајден се појави во интересно модно издание кое заинтригира многумина, но мора да признаеме дека нејзиниот моден стил е далеку посмирен и поповлечен од оној на Меланија Трамп кој всушност ја претвори во вистинска модна кралица…

Новиот претседателски пар на Америка, Џо и Џил Бајден, откако ги презема сите должности од претседателството, започнаа со своите службени патувања и обврски.

Фото: Профимедиа

Во една ваква прилика првата дама се реши за елегантна комбинација, па покрај својот сопруг се појави отмено облечена во сино сако и бело плисирано здолниште до колена. Џил избра слоевита комбинација, но секое парче облека беше посебно истакнато. Таа на нозете носеше многу ефектни чизми, кои ги обожуваат многу жени во светот.

Фото: Профимедиа

Станува збор за црни чизми до колена со блок потпетица, кои се многу лесни за комбинирање. Тие воедно се и многу елегантни и стабилни, па можете да ги носите во текот на целиот ден без проблем. Црната боја оди со се, а овие чизми дефинитивно се лесно вклопливи за секоја прилика.

Фото: Профимедиа

Уживајте во нив како и првата дама на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот