ФОТО: Една од најубавите спортистки на светот одбила да се соблече за „Плејбој“
Алиса Шмит е германска атлетичарка која ќе се натпреварува на Олимписките игри во штафетата 4х400 метри.
Кога едно спортско списание официјално ја прогласи за најзгодна спортистка на светот пред неколку години, 22-годишната Шмит рече: „Не знам зошто ја добив оваа титула. Спортот е, се разбира, на прво место“.
View this post on Instagram
Талентираната Германка започнала да се занимава со атлетика на само шест години, а оттогаш освои сребро на Европските шампионати.
View this post on Instagram
Во исто време, може да се пофали со манекенска кариера и со голем број обожаватели на социјалната мрежа „Инстаграм“. Нејзината популарност на социјалните мрежи постојано расте. Во 2018 година имала 208 илјади следбеници, во 2020 година дури 745 илјади следбеници. А, денес ја следат над 1,8 милиони луѓе.
View this post on Instagram
Алиса не крие дека поради својот атрактивен изглед добила многу непристојни понуди.
„Добивам многу неморални понуди во приватни пораки. Понекогаш ми е смешно, но не се замарам со тоа премногу“, во една прилика открила Алис.
View this post on Instagram
Таа исто така ја одбила понудата на „Плејбој“ да се фотографира без облека.
„Фокусирана сум на спортот и сакам тоа да им биде јасно на сите. Постојат илјадници други девојки на „Инстаграм“ кои изгледаат навистина добро, но немаат толку многу следбеници. Со добар изглед, треба да понудите нешто повеќе интересно. За мене тоа е атлетиката“, заклучила Алис.
View this post on Instagram
Шмит не ја крие среќата поради тоа што ќе биде дел од Олимписките игри. На почетокот на овој месец, таа на својот инстаграм-профил напиша:
„Токио повикува – Одам на Олимпијада! Сè уште ми се чини дека не е реално! Толку сум благодарна и истовремено воодушевена што доживеав нешто за што сонував откако започнав да спортувам“.