ФОТО: Едната е во петтата, а другата во шесттата деценија од животот, но на овие две холивудски дами сè уште никој не може да им одолее!

Фото: Профимедиа

Холивудската миленичка Џенифер Анистон (51) е фотографирана на снимањето на филмот „The Morning Show“, кој го снима со драгата колешка Рис Витерспун (44), а и двете актерки биле забележани во слични модни комбинации.

Имено, Џенифер изгледаше многу убаво додека излегуваше од својата приколка на сетот во црна комбинација, а потоа се појави и Рис која го привлече вниманието на сите присутни со својот црвен капут.

Фото: Профимедиа

И двете актерки „заработија“ мноштво позитивни коментари на сметка на нивниот изглед, но и признанија дека нивните обожаватели нетрпеливо очекуваат да ги видат на филмското платно.

И двете актерки изгледаат совршено за својата возраст, па иако Рис е влезена во 5-та а Џенифер во 6-та деценија од животот, и двете изгледаат значително помладо, па така на нив се уште никој не може да им одолее.

Фото: Профимедиа

Да се потсетиме, Џенифер Анистон светската слава ја стекна во една од најпопуларните серии „Пријатели“, каде ја толкува Рејчел Грин, додека Рис се прослави со улогата во „Legally Blonde“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот