ФОТО | Ед Ширан преживеал драма во авион: Пијан патник го нападнал екипажот и ги навредувал патниците
Ед Ширан патувал со авион од Мајами до аеродромот Хитроу во Лондон, а за време на деветчасовниот лет бил присутен при непријатен инцидент со пијан патник кој го нападнал екипажот.
Препорачано
Патникот бил пијан и барал повеќе алкохол, но екипажот го одбил. На тоа реагирал со навреди, а патниците го снимиле неговиот испад.
„Е..те се к..ки. Тргнете ги вашите здодевни лица од мојот е..н поглед“, извикал шкотскиот пијан патник.

На летот имало и полицаец во цивилна облека, па тој помогнал заедно со останатите патници да го задржат патникот и да го врзат за помошното седиште. Патниците се плашеле дека капетанот ќе се врати назад во САД, но по слетувањето во Лондон, шест вооружени полицајци влегле во авионот и го уапсиле избезумениот и пијаниот патник.
Лондонската метрополитенска полиција издаде соопштение во врска со овој инцидент.
„Во 01:59 часот на 24.10, полицајците на Хитроу примија пријава дека патник на летот од Мајами упатил расистички коментари кон другите патници и членови на екипажот. Полицајците присуствувале на авионот и 46-годишниот маж бил уапсен поради сомнение за сторено кривично дело нарушување на јавниот ред и мир на расна основа. Тој останува во притвор“, соопшти полицијата.


