ФОТО | Ѕирнете во луксузниот хрватски комплекс во кој отседнаа Бекамови: Цената е 10.000 евра од ден

Фото: Инстаграм

Славната двојка Викторија и Дејвид Бекам по Венеција пристигнаа во Хрватска, а на патувањето по Јадран пристигнаа за да ја прослават годишнината од бракот и 11-иот роденден на ќерката Харпер. Семејството престојува на островот Лопуд, каде што биле видени во неделата, а посетиле и еден познат ресторан, пишува „Вечерњи лист“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)


Инаку, на Лопуд, отседнале во ресортот „Лопуд 1483“, кој е поранешен фрањевски манастир кој грофицата Франческа фон Хабсбург го реновирала и тука направила комбинација од музеј, елегантен бутик хотел, заедно со црква, камбанарија и манастир. Во рамките на комплексот се наоѓа и Светата градина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

Изнајмувањето на луксузниот комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра. Услов за нивната посета бил – да нема фотографирање. Тринаесетте оригинални ќелии на манастирот, кои се простираат на 5.000 квадратни метри, се претворени во пет апартмани за вкупно 10 гости, при што секоја соба нуди сопствена бања и поглед на морето или градината. На гостите на располагање им се консиерж и приватен готвач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

„Сместен во изолација, тој нуди целосна приватност, што го прави совршен објект за релаксирачко бегство. Со пространи ентериери, мирни градини и неверојатна уметничка колекција, идеален е за одмор со семејството и пријателите и духовно засолниште“, пишува во описот на ресортот. На врвот на тврдината има тераса од која можете да го гледате зајдисонцето, а од неа можете да уживрете во панорамски поглед на морето, околните острови и националниот парк на Млет. На имотот се наоѓа и уметничкиот павилјон Црн хоризонт, кој, како што се наведува во описот на одморалиштето, ги спојува уметноста и архитектурата. На павилјонот работеле уметникот Олафур Елијасон и архитектот Дејвид Аџаје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

ФОТО | „Ти си најневеројатниот сопруг“: Викторија му го честиташе роденденот на Дејвид Бекам

ФОТО+ВИДЕО | Викторија Бекам го прослави својот 48 роденден: Покажа и како изгледала како девојче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот