ФОТО | „Ти си најневеројатниот сопруг“: Викторија му го честиташе роденденот на Дејвид Бекам

Дејвид Бекам
Фото: Инстаграм, Викторија Бекам

Британската пејачка и поранешна членка на поп-групата Spice Girls, Викторија Бекам му го честиташе 47. роденден на нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам. Таа објави неколку фотографии од нивниот семеен албум и му посвети љубовна честитка на поранешниот англиски фудбалер.

„Дејвид, многу те сакам. Ти си најневеројатниот сопруг кој може некој да го посака и јас се чувствувам благословено. Ти си ми сѐ – многу те сакам и среќен роденден!“, стои во честитката на Викторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Исто така, таа му посвети уште една објава во која го нарече „најдобриот татко на светот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Како потсетување, Викторија и Дејвид ја започнаа нивната љубовна приказна во 1997 година. Тие се запознале на еден хуманитарен фудбалски натпревар, на кој таа му ветила дека ќе излезат на состанок. По нивната ненадејна средба, таа изјавила: „Воопшто не знаев кој е тој. Не бев заинтересирана за фудбалот.“

Тие ја објавија нивната веридба во 1998 година и беа нарекувани „Пош и Бекс“ во написите во медиумите. Викторија и Дејвид стапија во брак на 4 јули 1999 година, во замокот Лутерстоун, во Ирска.

Пејачката и фудбалерот имаат три сина – 23-годишниот Бруклин Жозеф, 19-годишниот Ромео Џејмс и 17-годишниот Круз Дејвид. Во 2011 година им се исполни долгогодишната желба за ќерка и станаа родители на девојчето Харпер Севен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот