ФОТО+ВИДЕО | Викторија Бекам го прослави својот 48 роденден: Покажа и како изгледала како девојче

викторија бекам
Викторија Бекам / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Модната дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам вчера го прослави својот 48-ми роденден, а по тој повод се присети на својот роденден кога имала само 9 години.

Сопругата на познатиот фудбалер Дејвид Бекам на својот инстаграм-профил сподели спомен од детството каде позира со роденденска торта.

„Мојот деветти роденден. Се чувствувам како да беше вчера“, напиша Викторија спомнувајќи ја нејзината мајка Џеки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

По нејзината објава веднаш следеа честитки во коментарите, а другите членови на семејството Бекам ја искористија можноста да ѝ го честитаат роденденот на својата сакана сопруга и мајка.

„Среќен роденден на најдобрата сопруга, мајка и бизнисменка. Ти посакуваме прекрасен ден бидејќи тоа и го заслужуваш. Многу те сакаме“, напиша Дејвид во описот на романтичната фотографија која ја сподели на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Дејвид и Викторија се во брак од 1999 година и важат за еден од најпознатите парови, а и покрај тоа што нивниот брак некогаш бил во криза, тие се дефиниција дека сè може да се преброди. Пред неколку години тие ги обновија своите свадбени ветувања, а денес имаат заедно четири деца, три сина и една ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

На роденденот на Викторија, нејзината најмлада ќерка Харпер ѝ напишала честитка со која особено ја трогнала Викторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

А новиот брачен пар, нејзиниот најстар син Бруклин и неговата нова сопруга Никола Пелц, ѝ го честитаа роденденот на Викторија со специјални објави на нивните инстаграм-профили.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Викторија е родена во 1974 година во англискиот град Харлоу. Таа беше една од членките на мега популарната женска група „Spice Girls“, но потоа се заплови во модните води, Нејзиниот бренд постои повеќе од десет години.

Таа е позната по своите ригорозни диети, а нејзиниот сопруг неодамна откри дека во последните 25 години ја јаде истата храна секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот