Бен Афлек и Џенифер Лопез / Фото: Profimedia

ФОТО | Џеј Ло фотографирана пред домот на Бен Афлек, фановите велат: „Има надеж за нив двајца“

Познатата двојка Џенифер Лопез (55) и Бен Афлек (51), чија љубовна врска медиумите со години ја нарекуваат „Бенифер“, со месеци ги полни таблоидните медиуми со вести за нивната разделба.

Откако актерот се исели од нивниот заеднички дом, многумина сметаа дека е дојден крајот на нивната љубов. Исто така, тие го поминаа летото одвоени – додека Лопез уживаше во Европа, Афлек работеше на својот најнов филмски проект.

Сепак, се чини дека нештата меѓу нив сè уште не се завршени.

Џенифер Лопез и Семјуел Афлек / Фото: Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

По подолго време, Лопез и Афлек повторно се сретнале. Пејачката била забележана како влегува во неговата изнајмена куќа во Брентвуд, Лос Анџелес и таму поминала пет часа. Подоцна, Лопез отишла на шопинг со синот на Афлек, Семјуел, и двајцата изгледале расположени.

Ова не е единствената причина поради која многумина мислат дека парот, барем засега, не се разведува. Тие заедно присуствуваа на дипломирањето на синот на актерот, Семјуел, во јуни, иако во тоа време беа разделени. Потоа отидоа заедно на дипломската забава во куќата на Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Афлек. Потоа заедно, како што напиша „Дејли мејл“, ја напуштиле забавата во истиот автомобил и пристигнале во куќата во која Афлек престојувал додека биле разделени. Меѓутоа, штом пристигнале – Лопез влегла во нејзиниот автомобил и си заминала.

Бен Афлек и Џенифер Лопез на полуматурата на Семјуел / Фото: Profimedia

Неодамна Лопез беше фотографирана на пат кон канцеларијата на Афлек во Лос Анџелес по враќањето од Италија, а уште еден детаљ поттикна шпекулации дека парот, сепак, нема да се раздели. Всушност, минатата недела Вајолет го носеше истиот фустан кој Џеј Ло го носеше на состанокот со Афлек по повод минатогодишниот Ден на вљубените.

За нивниот брак се шпекулира со месеци, а ниту пејачката, ниту актерот не се огласија по овој повод во медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот