Џастин Бибер - Фото: Инстаграм

ФОТО | Џастин Бибер откри детали за пеколот низ кој поминал: „Сакам искупување“

Џастин Бибер остро ја критикуваше музичката индустрија, тврдејќи дека бил третиран како „производ“, и сега повикува на темелни промени по сè што доживеал. Ѕвездата која ја стекна светската слава уште како тинејџер, своето искуство го сподели со обожавателите на социјалните мрежи.

Бибер стана познат на само 13 години, откако Скутер Браун го откри на Јутјуб . Брзо потпиша договор со дискографската куќа „RBMG“, предводена од Ашер и Браун, а со хитот „Baby“ на 14 години стана глобален феномен.

Неговиот пат кон ѕвездите бил проследен со години борба со ментално здравје и зависност. Денес, Бибер го најде мирот во семејниот живот со сопругата Хејли, со која има син.

„Се чувствував искористено“

Во искрена објава на Инстаграм, Бибер зборуваше за темната страна на славата, истакнувајќи дека верата му помогнала да ги преброди најтешките моменти.

„Пораснав во систем што ја наградуваше мојата дарба, но не секогаш ја штитеше мојата душа“, напиша тој.

„Имаше моменти кога се чувствував искористено, обликувано во нешто што не го избрав целосно. Таквиот притисок остава рани што не се гледаат на сцената. Носев бес, го прашував Бог зошто“, додаде тој.

„Но Исус сè уште ме среќава среде болка не оправдувајќи го она што ме повредило, туку ме учи како да не станам огорчен.“

„Не сакам одмазда, сакам искупување“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@lilbieber)

Пејачот истакна дека не настапува како „жртва што сè уште крвави“, туку како „некој што е обновен“.

„Откако сум исцелен, можам да простам. Не да се претворам дека неправдата не се случила, туку да не дозволам таа да продолжи да живее преку мене“, објасни тој.

„Не сакам одмазда. Сакам искупување. Не сакам да ја уништам индустријата. Сакам да се трансформира“, порача Бибер.

„Она што ми се случи беше вистинско. Исус не ми помогна само да се носам со тоа, тој ми го обнови идентитетот. Не сум производ. Не сум она што индустријата го бараше. Јас сум син.“

Својот настап го објасни со желба ваквите работи да не се повторуваат.

„Не сакам да ја запалам музичката индустрија. Сакам да ја видам обновена посигурна, посвесна, поприсутна и поискрена“, напиша тој.

Притисоци на славата во детството

Ова не е првпат Бибер да зборува за притисоците и растењето пред очите на јавноста. Уште во 2019 година пишуваше за тоа како славата влијае на млад човек.

„Поминав пат од тринаесетгодишно момче од мал град до тоа да ме фали целиот свет, со милиони луѓе кои зборуваа колку ме сакаат и колку сум одличен“, напиша тогаш.

„Долго време слушате такви работи како младо момче и навистина почнувате да верувате во нив.“

„Луѓето ми зборуваа цел живот: Ооу Џастине, заслужуваш сè, а јас лично секогаш се чувствував недостоен. Како да сум измамник“.

Поради семејниот живот и желбата да биде со сопругата Хејли и синот, Бибер откри дека денес е многу помалку склон на долги турнеи кои би го разделиле од нив на подолго време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот