Данијела Мартиновиќ и Јосип Плавиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Домот што го гради со својот партнер Јосип Плавиќ: Вака изгледа куќата во цвеќе на Данијела Мартиновиќ

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ и нејзиниот партнер Јосип Плавиќ се во среќна врска три години, а  најголема желба им е да се преселат во заеднички дом што почнале да го градат во местото во Загрепската жупанија. Но, во својата куќа во цвеќе, како што од милина ја нарекуваат, сè уште не успеале да се вселат.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Не сме се преселиле. Имавме прекрасни планови, а потоа се соочивме со реалноста. И тогап во еден момент му реков, во ред, постои некоја добра причина зошто не е така, и почнав, дури и се натерав себеси, да уживам во процесот – открила Данијела за хрватски „Стори“ на крајот од минатата година.

– Бидејќи јас сум доста структурирана. Сакам редот, ми се допаѓа ако се каже така, тогаш е така. Не може ако е денес да биде за  еден месец. Но, верувам, еве, како што се одвиваат работите сега, дека навистина до пролет, но се оградувам, би требало да бидат во куќата – рекла пејачката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Данијела објавила на социјалните мрежи неколку фотографии од својата куќа во цвеќињата, која се наоѓа во еден мал град во Загрепската жупанија. Недвижноста изобилува со дневна светлина поради големиот број прозорци кои се истакнуваат по својата големина и должина низ ентериерот.

– Ја впиват убавината на моментот и се чувствувам исполнето. Што ве инспирира денеска? – напишала пејачката додека околу неа можеме да го видиме прекрасниот екстериер и зеленило.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Петар Грашо е минато: Даниела Мартиновиќ има ново момче

ФОТО | „Ме обзема некој копнеж“: Данијела Мартиновиќ се присети на средношколските денови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот