ФОТО | „Ме обзема некој копнеж“: Данијела Мартиновиќ се присети на средношколските денови
Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, споделувајќи емотивна објава од минатото.
Препорачано
Имено, таа објави неколку фотографии од средношколските денови, евоцирајќи спомени од безгрижната младост и почетоците на нејзиното уметничко патување.
На фотографиите ја гледаме младата Данијела, тогаш ученичка во средното уметничко училиште во Сплит, како позира покрај морето за училишна задача на нејзината пријателка, фотографката Ана Перковиќ Жаја. Заедно со објавата, Данијела напиша емотивен опис:
„Да знаев тогаш… нема подобар момент од моментот „сега“. Кога ја гледам девојката на фотографијата ме обзема некој копнеж“, напиша пејачката на почетокот на објавата и продолжи: „Јас и Ана, средно уметничко училиште, исти клас, таа е фотограф, јас сум музичар. Еден облачен, ветровито ден ми вели: ‘Елице, ајде, биди ми домашна задача!’ И еве го, само неколку моменти кои оставија незаборавни спомени“, напиша таа покрај фотографиите кои ги направила Ана Перковиќ Жаја.
Таа додала дека „сè е сошиено од нејзината мајка“. Данијела носела долго здолниште со сини риги и темно сина блуза, а половината ја истакнала со бел ремен.
View this post on Instagram


