Петар Грашо е минато: Даниела Мартиновиќ има ново момче

Даниела Мартиновиќ
Даниела Мартиновиќ / Фото: Инстаграм

Петар Грашо (46) и Даниела Мартиновиќ (51) важеа за еден од најубавите хрватски парови. И додека тој сега ужива во брачната идила со младата музичарка Хана Хуљиќ, Даниела реши да раскине со минатото и да си фати ново момче.

Популарната хрватска пејачка веќе извесно време е во врска со криминалниот инспектор Јосип Плавиќ (49), објавија хрватските медиуми. Даниела во интервју за „Глорија“ откри дека со Јосип се запознале на малку необичен начин, кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку Интернет пред околу една година. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.

„Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, ставови за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа“, рече Даниела за Глорија“.

Ова е прва јавна врска на Даниела откако во 2021 година ја прекина 24-годишната врска со Петар.

Неколку месеци подоцна беше објавено дека Грашо е во врска со Хана Хуљиќ, а набрзо се дозна дека двојката ќе се венча. Грашо и Хана се венчаа на почетокот на 2022 година, а истата година станаа родители на малата Алба.

ФОТО | Откако Петар Грашо е официјално со новата девојка, Данијела Мартиновиќ го избриша од својот инстаграм-профил

Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо: Повеќе не живееме под ист покрив

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот