Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо: Повеќе не живееме под ист покрив

петар грашо
Данијела Мартиновиќ и Петар Гршо / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Портпаролката на музичкиот пар Мартина Подгорски даде официјална изјава на хрватскиот магазин „Jutarnji list“ дека парот повеќе не живее под истиот покрив.

„Вистина е дека Даниела и Петар во последните месеци живеат на одделни адреси, како поради деловни проекти, така и од одредени приватни причини“, истакнала портпаролот на парот.

Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо ставиле крај на нивната 24 години врска.

Да ве потсетиме, музикиот пар, беше пример за љубов и почит меѓу двајца партнери, а наводно веќе се презаситиле од врската по што решиле да ја прекинат по цели 24 години.

Најновите вести ја потресоа хрватската јавност, бидејќи сите се навикнати на двајцата музичари да ги гледаат на сцената, но и надвор од неа.


Даниела пред нешто помалку од два месеци на Грашо му упати емотивна честитка за роденден „Нека ти биде се најсино…нека ти биде се море. Среќен роденден“, напиша таа под заедничката фотографија која се уште може да се пронајде на нејзиниот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petargrasoofficial)


Парот се запознал во 1995 година, а две години подоцна ја започнале својата љубовна врска.

Парот ретко можеше да се види заедно во јавноста, а повеќе пати двајцата нагласуваа дека на нивната врска не и е потребен брак за да останат еден покрај друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот