ФОТО: Девојката која зборуваше на инаугурацијата на Бајден, влезе во историјата на „Vogue“

Фото: Инстаграм

Аманда Горман, која привлече внимание со својот настап на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден, е првата поетеса која ќе ја краси насловната страница на мајското издание на магазинот „Vogue“, а ја фотографираше познатата Ени Лејбовиц, пишува Си-Ен-Ен.

Оваа 23-годишна дипломирана харвардска студентка, на насловната страница носи облека со потпис од Луј Витон, која за потребите на фотографирањето е стлизирана како фустан, а околу појасот има широк, богато украсен појас.

Живописната ткаенина е инспирирана од африканската облека и е дизајнирана од Виргил Аблох, првиот афроамерикански уметнички директор на Луј Витон.

„Прва поетеса на насловната страница на Вог. Бескрајно сум благодарна и не очекувам да бидам последна, бидејќи, што е поезијата, ако не е убавина?“, напишала Горман во објавата на Инстаграм.
Горман се прослави во јануари, по трогателното читање на нејзината песна „The Hill We Climb“, на инаугурацијата на Џо Бајден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Gorman (@amandascgorman)


После тој настап, Горман потпишала договор со агенцијата за модели „IMG“, се појавила на насловни страници и имала неколку јавни настапи, меѓу кои и оној на панелот за Меѓународниот ден на жената, со поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и супермоделот Криси Тајген.

Во септември, младата поетеса ќе објави две книги – збирка од нејзината поезија „The Hill We Climb and Other Poems“ и детската сликовница „Change Sings: A Children’s Anthem“. И двете веќе се наоѓаат на листата на најпродавани на Амазон.

Таа за новинарот на „CNN“, Андерсон Купер, ијавила дека од инаугурацијата има своја мантра, која ја повторува пред секое читање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Gorman (@amandascgorman)


„Јас сум ќерка на афроамерикански писатели, потомец на борци за слобода кои кршеа синџири и го променија светот. Тие ме повикуваат“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот