Китење елка во минатото/Фото: Профимедиа

ФОТО | Дали знаете кој го започнал трендот на китење елка? Приказната ќе ве воодушеви

На традицијата за китење инсистирал германскиот принц Алберт, откако се оженил со англиската кралица Викторија во февруари 1840 година.

Тој ја изненадил неа, а и сите дворјани кога го наполнил дворецот Виндзор со елки, со изговор дека и некој негов обичај треба да се одомаќини во Англија.

Кралицата, по првичниот шок го прифатила предлогот и така ги вовела германските божиќни обичаи на англискиот двор.

Сликата од неа и принцот застанати пред елката набрзо започнала нов тренд и луѓето почнале масовно да китат елки. Англичанките веднаш посакале да имаат елка во својот дом, а принцот Алберт наскоро ја започнал традицијата да им подарува елки на училиштата и касарните.

Китење елка/ Фото: Historic Maps / AKG / Profimedia

За разлика од елките во Германија кои биле украсувани со јаболка и портокали, принцот решил неговата елка да ја украси со бонбони, хартиени украси, машни и ситни играчки.

Кралицата Шарлот, сопругата на Џорџ Трети, всушност, ги запознала Англичаните со китењето на дрво за Божиќ уште 40 години порано, но принцот Алберт и Викторија го направиле овој обичај популарен.

Викторијанската елка била многу богато украсена со различни колачи, бонбони од марципан, тврди бонбони, бисквити, овошје, мали играчки, хартиени лепези, свирчиња, суво овошје, ореви и секакви бобинки. Често биле ставани домашно изработени куклички, детски ракавици и свежо печени шарени колачиња. На врвовите на гранките внимателно биле ставани свеќи, а врвот најчесто бил украсуван со ангел. Во изработувањето на украсите често помагале децата кои изработувале венчиња од брусница или хартиени цвеќиња.

Фото: akg-images / AKG / Profimedia

Најпопуларен викторијански украс дефинитивно бил ангелот со стаклени крилја, златна коса и фустан и лице од порцелан. Ангелите претставувале викторијански идеал за детска невиност.

Кралицата Викторија била првата која му испратила божиќна честитка на некој државен службеник.

Фото: Feste / Weihnachten / Bescherung:
“Ein Weihnachtsabend bei Claudius”.
(Wandsbeck, Haus des Philosophen Friedr. Heinr. Jacobi, 24.12.1796: Friedr. Perthes verliebt sich in Caroline Claudius; v. li Perthes, Jacobi, Caroline, Rebekka&Matthias Claudius, Gebr. Stolberg, Klopstock).
Holzstich, 1865, koloriert, nach Zeichnung von Theobald von Oer (1807–1885).,Image: 147322758, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: akg-images / AKG / Profimedia

Инаку, дрво за Божиќ прв пат почнало да се кити во Германија во 17 век, но и овој обичај влече пагански корени од времето кога куќите во декември биле украсувани со зеленило.

Сепак, легендата вели дека Мартин Лутер уште во 16 век за Божиќ украсил дрво со свеќички.

На Балканот традицијата за китење дрво за Божиќ започнала кон средината на 19 век, како последица на германското влијание, но домовите на овие простори и претходно биле украсувани со зеленило, цвеќиња и плодови за Бадник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот