ФОТО | Дали ова беше најубавиот фустан на Оскарите: Погледнете како блескаше Дакота Џонсон

Дакота Џонсон/ Фото: Профимедиа

Недофатлив, грандиозен, гламурозен, фабулозен, сензационален… сите овие се синонимите за фустанот во кој беше облечена Дакота Џонсон на доделувањето на Оскарите.

За некои тој е божествен, додека другите ќе превртат со очите, но едно е сигурно – фустанот на Дакота Џонсон беше забележан од сите на забавата по повод доделувањето на Оскарите.

Грандиозните пердуви кои блескаа околу прекрасната Дакота, модните експерти ги опишаа како исклучително скапи од опасно ретка птица, а фустанот е дело на модната куќа Гучи.

Дакота Џонсон/ Фото: Профимедиа

Нежно розевата нијанса совршено се вклопи со нејзиниот аристократски тен, додека длабокото деколте дискретно го нагласи нејзиниот сексипил.

Свесна дека блеска, Дакота самоуверено позираше пред фоторепортерите, воодушевувајќи ги сите со својот ексцентричен фустан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот