Дакота Џонсон - Фото: Инстаграм

ФОТО | Дакота Џонсон повторно снимена во друштво на пејачот Рол Модел, откако ја раскина свршувачката со Крис Мартин

Актерката Дакота Џонсон повторно беше снимена на вечера со пејачот Рол Модел, а овојпат двојката беше забележана и како се држи за раце додека шета по улиците на Лос Анџелес. Тие во четвртокот навечер биле фотографирани во еден луксузен ресторан, каде што вечерале во друштво на пријатели и делувале многу блиски.

Фотографите ги забележале во опуштена атмосфера, а насмевките и блискоста не изостанувале ни при излегувањето од ресторанот.

Претставниците на двојката не одговориле на прашањата поврзани со нивниот однос.

Гласините за нивната врска започнаа уште во декември 2025 година, кога беа фотографирани на романтична вечера со свеќи, во друштво на пријатели. Според фотографиите објавени од „ТМЗ“, двојката изгледала дека се повеќе од пријатели, а извор навел дека „се многу блиски“.

Новата романса доаѓа шест месеци по раскинувањето на веридбата на Дакота Џонсон со музичарот Крис Мартин. Тие беа во врска околу осум години, пред да се разделат во јуни 2025 година.

Иако ниту еден од нив јавно не зборуваше за причините за раскинот, а извор близок до парот изјавил за „Сан“ дека разликата во години и различните ставови околу родителството одиграле клучна улога во нивната разделба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот