ФОТО: Црвенковски пак „фатен“ во кафеана
Поранешниот премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски, попладнево е фотографиран во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
Препорачано
Минчев, сега висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во времето кога Црвенковски ја предводеше партијата, а тие се блиски пријатели и се во кумовска врска. Заедно со нив, на фотографијата што ја објави „Инфомакс“ е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.

Црвенковски со години беше надвор од политиката и далеку од очите на јавноста, но пред локалните избори и непосредно по нив, тој неколкупати беше „фатен“ во друштво на актуелни функционери и политичари. Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со старо-новиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, а ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево. И во двата случаја, неговото појавување подгреа бројни шпекулации за тоа дека политички се активирал.
Претходно, во август, Црвенковски, чие име се поврзува со владејачката партија ЗНАМ од самото нејзино основање, во август беше споменат во јавната расправија меѓу Минчев и поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски-Циц.
Споменувањето на Црвенковски ги раскара старите сопартијци – Циц и Минчев


