Фото: Инфомакс

ФОТО: Бранко Црвенковски во интересно друштво на маса во охридски ресторан

Порталот „Инфомакс“ објави фотографија од охридски ресторан, на која се гледа поранешниот претседател на државата, премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски, во друштво на двајца актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

На фотографијата, за која се тврди дека е направена попладнево, на маса со Црвенковски, познат под прекарот „папата“, на само пет дена до локалните избори, е актуелниот градоначалник од владејачката партија и кандидат за нов мандат во Охрид, Кирил Пецаков, како и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од градот, Сашо Донев.

Фото: Инфомакс

Црвенковски долго време не е активен на политичката сцена и тој ретко се појавува во јавноста. Последен пат беше актуелен пред изборите лани, кога неговото име се поврзуваше со формирањето на движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Максим Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот