ФОТО | Бритни Спирс ја поканија во Конгресот: Поласкана сум што можам да раскажам сè!

Бритни Спирс/писмо од Конгресот/Инстаграм
Бритни Спирс/писмо од Конгресот/Инстаграм

Поп ѕвездата Бритни Спирс сподели писмо што го добила од двајца членови на Претставничкит дом на САД во кое ја канат во Конгресот да зборува за нејзината долготрајна правна битка околу конзерваторската функција која ја извршуваше нејзиниот татко, а заврши со победа на пејачката.

Спирс беше повеќе од 10 години под старателство на нејзиниот татко Џејми, кој беше одговорен за сите нејзини потези, од финансиски до професионални, пишува „Guardian“

„Бев поласкана, но во тоа време не бев ни приближно во онаа состојба на заздравување во која сум сега“ – рече Спирс во објавата на својот инстаграм-профил, споделувајќи го писмото што го доби во декември од конгресмените Чарли Крист и Ерик Свалвел од Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Бритни Спирс открива дека конзерваторството ја исплашило од музичкиот бизнис:

„Благодарна сум што мојата приказна беше признаена. Поради писмото, се почувствував слушнато, како да сум важна за првпат во животот. Во свет во кој вашето семејство е против вас, многу е тешко да се најдат луѓе кои ќе го направат ова и ќе покажат емпатија“

Во писмото се пренесени и честитките на Крист и Свалвел до Спирс и нејзиниот адвокат Метју Розенгарт за победата во случајот кој заврши со прекинување на старателството за пејачката, трајно речиси 14 години и по раководство на нејзиниот татко Џејми.

Во објавата Бритни им се заблагодари на конгресмените за поканата, но не посочи дали има намера да ја прифати.

epa-efe
Фото: EPA/JASON SZENES

„Сакам да им помагам на другите во ранливи ситуации, да ја преземам сопствената приказна во свои раце, да бидам храбра. Посакувам да бев навистина храбра“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот