ФОТО | Бојно поле и на Евровизија: Иако Украина протестира, на Русија ѝ дозволија да настапува

Фото: Инстаграм/ Профимедиа

И покрај воениот напад на Украина, на Русија ќе ѝ биде дозволено да испрати свои претставници на Евровизија 2022 во Торино, Италија.

Овој напревар е „културен, а не политички настан“ и според „актуелните планови“ се очекува доаѓање и на руски и на украински уметници. Се разбира, ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, соопштија организаторите.

Националната телевизија на Украина УА: ПБЦ побара Русија да биде суспендирана и да ѝ се забрани да учествува на Евросонг.

Тие тврдат дека руските телевизии, кои ја емитуваат Евровизија, биле „гласилот на Кремљ и главното оружје за политичка пропаганда“, а учествувале и во „систематското ширење на дезинформации“ на штета на Украина.

Тоа е спротивно на вредностите кои ги негува Европската радиодифузна унија  (ЕБУ), сметаат Украинците.

Руската делегација сѐ уште не одговорила на тие коментари.

Повиците за забрана на Русија да учествува на Евровизија започнаа кога силите на Кремљ ја презедоа контролата врз поранешната нуклеарна централа Чернобил, на околу 160 километри од главниот град Киев.

Тензиите влијаат на Евросонгот

Тензиите меѓу Русија и Украина фрлија сенка и на минатогодишните натпреварувања.

Русија беше фаворит за победа на натпреварот во 2016 година, но украинската пејачка Џамала победи во последните моменти со песна во која опишува како Сталин, поранешен советски лидер, ги протерал Татарите од полуостровот Крим во 1944 година.

Фото: Профимедиа

Страшните моменти во историјата, украинскиот парламент ги спореди со геноцид.

Многумина во стиховите на песната видоа критика на Русија заради анексијата на Крим во 2014 година.

Џамала, која има татарски потекло од Крим, потврди дека песната има некаква врска со тоа.

На патот до победата за неа гласаа од неколку поранешни советски републики, кои главно својот глас го даваат на Русија.

Една година подоцна, на руската претставничка Јулија Самоилова не ѝ беше дозволен влез во Украина, каде што се одржуваше натпреварот, бидејќи претходно наводно престојувала на Крим, иако не ја поминала копнената граница со Украина.

Русија сѐ уште не избрала претставник

Овогодинешното издание на Евровизија ќе се одржи во Торино, бидејќи италијанскиот рок бенд „Манескин“ победи на ова натпреварување во 2021 година.

Русите сѐ уште немаат избрано претставник, а за Украина ќе настапи хип-хоп триото на Калуш Оркестар со песната „Стефанија“, која ја напишаа во чест на нивните мајки.

Алина Паш првично требаше да ја претставува Украина, но таа се повлече минатата недела по критиките што ги претрпе поради нејзиното патување на Крим во 2015 година и хип-хоп бендот ја замени.

Нема докази дека Паш влегла на Крим преку руска територија, но рече дека повеќе се зборувало за тоа отколку за нејзиното учество на Евровизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alina Pash (@alinapash)

Украинската песна молскавично скока на евровизиските обложувалници

По актуелните случувања во Украина, песната за Евровизија на оваа земја само во последните неколку часа се искачи на второто место на обложувалници за победник на Евросонг 2022 година.

Имено, шансите за победа на украинските претставници се зголеми бидејќи многумина, во последните неколку часа, се обложуваат на нивната победа во Торино. На страницата за обложување покрај името на Украина, изведувачот и името на песната има сино и жолто срце за поддршка на Украина и на Украинците.

Извршниот одбор на ЕБУ одлучи: Русија има забрана за учество на овогодишната Евровизија

ВИДЕО | Украинската пејачка не оди на Евросонг, налутено порача: Не сакам да бидам дел од оваа валкана приказна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот