Извршниот одбор на ЕБУ одлучи: Русија има забрана за учество на овогодишната Евровизија

Евровизија 2022
Евровизија 2022

Откако се случи воениот удар од страна на Русија врз Украина, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека ниеден руски изведувач нема да учествува на овогодишниот избор за песна на Евровизија.

Извршниот одбор донел одлука на основа на порано добиените препораки од управното тело на Изборот на песна за Евровизија, како и врз основа на правилата и вредностите на ЕБУ.

Препораката на Референтната група на ЕБУ ја поддржа и телевизискиот комитет. Имајќи ја предвид кризата без преседан во Украина, руското учество во годинашниот „Евросонг“ би ја нарушило репутацијата на натпреварот, велат од Унијата.

Пред да ја донесе оваа одлука, ЕБУ одвоила време опширно да се консултира со своето членство.

Во твит на својот официјален твитер профил, организацијата соопшти:

„Остануваме посветени на заштитата на вредноста на културниот натпревар кој промовира меѓународна размена и разбирање, ја собира публиката на едно место, слави различности низ музичкиот стил и ја обединува Европа на една сцена“ – децидни се тие.

ВИДЕО | Украинската пејачка не оди на Евросонг, налутено порача: Не сакам да бидам дел од оваа валкана приказна!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот