Канада доби право да настапува на Евровизија — ќе дебитира ли веќе следната година во Бугарија?
Канада официјално доби можност да учествува на Изборот за песна на Евровизија, откако националниот јавен сервис Си-би-си/Радио-Канада стана полноправна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Одлуката беше донесена на Генералното собрание на ЕБУ во Прага, со што канадскиот јавен сервис, кој беше придружна членка уште од 1950 година, доби статус што му овозможува да пријави …

