ФОТО | Блеска на уникатен начин: Ријана носи дијамантски часовник од 400.000 долари околу глуждот

Фото: Принтскрин/ Твитер

Ријана беше една од многуте ѕвезди кои се појавија на трката за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, но како и секогаш привлече најголемо внимание, носејќи околу глуждот, часовник на „Jacob & Co“, направен по нарачка.

Пејачката го носеше луксузниот часовник од бело злато кој чини 400.000 долари преку црни панталони “Баленсиага“ (Balenciaga) од 4.550 долари, пишува „Пејџ сикс“.

Ременот на нејзиниот часовник содржи три реда дијаманти и вклучува вкупно 70 карати тркалезни смарагдни камења.

Добитничката на Греми, се појави со својата нова руса коса во бранови, црвен кармин и црна облека, носејќи кожна јакна Баленсијага заедно со дуксер од брендот, кој го носеше откопчан за да се види градникот.

Таа, исто така, носеше пар темни очоила од „Амбуш“ (Ambush) и ги задржа во текот на поголемиот дел од трката додека ја следеше акцијата со другите ВИП личности во гаражата на Ферари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот