ФОТО: Бил милионер во 80-те години, а потоа останал без ништо: Неверојатната приказна за овој дедо кој 23 години живее на пуст остров!

Фото: Профимедиа

Додека целиот свет се соочи со принудниот карантин поради пандемијата на коронавирусот, овој дедо цели 23 години живее изолиран од сите грижи во светот…

Австралијанецот Дејвид Глашин (76), во 80-те години на минатиот век бил милионер кој живеел во Сиднеј со сопругата и двете деца.

Фото: Профимедиа

Тој во 1997 година го изгубил своето богатство во неуспех на берзата, се развел од сопругата и со еден куфер во кој се наоѓале три кошули, два пара шорцеви, неколку книги, тегла чили, факел, паста и четка за заби заминал на ненаселениот остров Ресторејшн близу брегот на Северна Австралија.
Далеку од луѓето, Дејвид започнал потполно нов живот, хранејќи се со намирници од природата. Неговата исхрана се состои од морски плодови кои сам ги лови.

Фото: Профимедиа

Покрај тоа, собира и кокос, локални сливи, бадеми, бобинки и слично. Еднаш годишно, пловејќи со чамец оди во градот Кернс каде пазари и си обезбедува конзервирана и сушена храна, сапун, тоалетна хартија и други основни продукти.

На листата се наоѓа и некој алкохолен пијалок во случај да го посетат заинтересираните новинари со желба со него да направат интервју.

Фото: Профимедиа

Неговата необична приказна стана позната ширум светот, а тој го доби и прекарот „австралискиот Робинзон Крусо“, па дури и копијата на Чак Норис, однсно Том Хенкс во филмот „Животен бродолом“.

Фото: Профимедиа

Малку чудниот дедо Дејвид, кој на овој остров пристигнал со желба да побегне од современиот начин на живот, открил за „Mail Online Travel“ дека има листа на работи кои му овозможуваат да живее изолирано од светот, вклучувајќи интернет конекција на соларен погон, добри книги и две кукли кои ги нарекол Миранда и Филис се додека преку интернет страниците за состаноци не ја најде соодветната личност со која би го делел ова парче од тропскиот рај..

Фото: Профимедиа

Глашин тврди дека живее мирен и исполнет живот и не стравува за својата иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот