ФОТО | Безвременска елеганција на нашата прва дама за официјалната посета на Грција

Претседателот Стево Пендаровски беше во дводневна официјална посета на Грција. За време на посетата, претседателот беше придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, а беа пречекани со највисоки државни и воени почести од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Првата дама носеше креација на македонската дизајнерка Ирина Тошева.

„За оваа важна посета, по желба на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, се одлучивме за безвремената класика, разиграна со различни копчиња во форма на медалјони, надополнета со дезенирани детали во внатрешноста на ракавите, како мој препознатлив дизајнерски печат. Удобноста и пријатноста при ваквите настани се особено важни и големо внимание посветивме и на бирањето на материјалот, кој беше од локално производство“, објави дизајнерката Ирина Тошева.

Г-ѓа Ѓоргиевска во рамките на дамската програма, ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на Лина Мендони, министерка за култура и спорт на Грција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Tosheva (@irina.tosheva)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот