Никол Кидман и Сандеј Роуз / Фото: Принтскрин / Инстаграм / Твитер

ФОТО | Беспрекорна елеганција: Никол Кидман и ќерката Сандеј Роуз блеснаа на настан во Париз

Актерката Никол Кидман се појави на црвениот тепих со ќерката Сандеј Роуз Урбан на настанот на престижниот бренд „Омега“ во Париз, чиј амбасадор со години е актерката.

Никол ја истакна витката линија во шик бел комплет составен од пресечено здолниште со висок струк и златни детали. Но, нејзината ќерка го привлече целото внимание. Имено, Сандеј Роуз (16) се одлучи за елегантен елек и панталони со широки ногавици и покажа дека пораснала во вистинска убавица.

Мајката и ќерката се појавија расположени додека позираа на црвениот тепих. Семејството е во градот на светлината за Олимписките игри и беа забележани како ја гледаат 14-годишната австралиска скејтбордерка Клои Ковел како се натпреварува.

Инаку, Сандеј Роуз (16) и Фејт Маргарет (13) се ќерките што Никол ги има со сопругот, 56-годишниот кантри пејач Кит Урбан. Двајцата се венчаа во 2006 година на романтична церемонија во нивната родна Австралија, но, според странските медиуми, работите тргнале наопаку кога Кит веќе во октомври истата година завршил на рехабилитација. И покрај сите тешкотии, тие успеаја да го одржат својот брак стабилен, а Никол не крие колку ѝ значеле љубовта и поддршката на нејзиниот сопруг во некои тешки моменти.

Никол Кидман ретко зборува за Том Круз, но сега откри: „Стенли Кјубрик ни го саботираше бракот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот