Модните експертите пресудија, белиот капут е ултимативен тренд оваа зимска сезона…
Првата асоцијација кога станува збор за модата и зимата се некои потемни нијанси, но оваа година правилото се менува.
Модните експерти оваа година се согласни, секоја жена од стил треба да има барем еден ваков капут. Во тренд се речиси сите должини и кроеви, а на вас ви останува да го изберете оној кој најмногу ви се допаѓа. Најважно е само да биде целосно бел, бела полна и богата боја со која буквално ќе зрачите на улиците.
Во продолжение ви нудиме неколку фотографии кои можат да ви послужат како инспирација да го одберете совршениот бел капут за вас…