ФОТО | Барон Трамп има раскошно секојдневие: Mаски за лице од кавијар, скапи патики и вратоврски

Барон Трамп
EPA-EFE/Erin Scott / POOL

Повеќето од децата на Доналд Трамп низ годините станаа познати на светската јавност, но Барон Трамп, најмалиот син е и понатаму далеку од очите на јавноста, колку што е тоа можно. За првпат неговиот син беше забележан доцна во изборната ноќ, позади својот татко на бината кога беше прогласена победата на републиканскиот кандидат.

Барон на сцената изгледаше повеќе поспан одошто возбуден, и веднаш ги освои „ладните“ срца на Америка, која беше пресреќна што изборниот циркуз конечно заврши.

Семејство Трамп
Photo by Dennis Brack / Newscom / Profimedia

Кога татко му ја презеде должноста, Барон остана надвор од видеокругот на јавноста, но со тек на време се дозна доста околу американскиот „принц’. За почеток, неговиот живот во Трамповата кула, пред Белата куќа бил незамисливо сладок, пренесуваат светските медиуми.
На пример, мајка му му го хидрирала лицето со кавијар – но, такво нешто веројатно  ѝ  личи на оваа богаташка фамилија.

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за оваа фигура, време е да ве запознаеме со Барон Трамп.

Барон Трамп е единственото дете на Меланија и Доналд Трамп

Трамп секако е татко на неколку деца од претходните бракови со три жени. Барон Трамп е најмладиот од кланот од семејното стебло, кое ги вклучува Иванка Трамп, Ерика Трамп и Доналд Трамп Јуниор, родени во бракот со првата сопруга Ивана Трамп, како и ќерката Тифани Трамп, родена во бракот со втората сопруга, Марла Мејплс.

Барон е роден на 20 март 2006 година, како единствено дете на Доналд и Меланија Кнаус Трамп, кои се венчаа една година пред да се роди Барон. Тој живееше со мајка си во пентхаусот Трамп, на Петтата авенија во Њујорк, додека татко му се пресели во Белата куќа. Барон и мајка му се преселија во Вашингтон откако тој заврши со учебната година во престижната Колумбијска гимназија, во која годишно се плаќа школарина од 45.000 долари.

Меланија и Барон Трамп
ADAM NEMSER / INSTAR Images / Profimedia

Меланија Трамп има намера да го држи Барон Трамп што подалеку од рефлекторите

Јавните настапи на Барон беа ограничени на традиционалните семејни настани, како Денот на инаугурацијата или Божиќните прослави.  Со ова јасно се даде до знаење на јавноста дека најмалиот син нема да биде во центарот на вниманието.

Во интервју за ABC News, во октомври 2016, Меланија изјави:

„Го учам и му објаснувам што се случува и одлично се носи со тоа. Гледам да го држам во рамнотежа, за детството да му биде што понормално, да ужива во училиштето и спортот, како сите деца. Тој е сјаен спортист. И само сакам да има мир – за сега да биде што подалеку од јавноста“

Се чини дека тој план е цврсто поставен, бидејќи и многу медиуми заклучија дека Барон ретко се појавува во јавноста со своите родители. Меланија е цврста во одлуката дека нејзиното дете заслужува детство како сите деца, што е нормален став на мајка кон своето дете.

Барон Трамп е првото дете што живее во Белата куќа по многу години

Откако се преселија во Вашингтон, Барон беше првото дете кое живее во Белата куќа во последните 60 години. Последен ваков наследник беше Џон Ф. Кенеди кој беше бебе во 1961.

Барон во претседателската резиденција влезе на „трамповски“ начин, од хеликоптер, преминувајќи го тревникот, облечен во кошула на која пишуваше „професионалец“.

Меланија, Барон и Доналд Трамп / ФОТО: ЕPA-EFE

Барон живее како крал

Во интервјуто за „Parenting“, Меланија откри дека Барон во Трамповата кула има свој кат, заедно со простор за дизајнирање, како и вградени „авион и хеликоптер“ во декорацијата на куќата.

Неговиот животен стил во Белата куќа стана уште посладок, затоа што персоналот од речиси 100 луѓе точно знаеле што сакаат сите од семејството, поединечно секој – каква храна, грицки и лични желби, а за Барон било набавено и кученце за да му биде поубаво и поудобно во новиот дом.

Дали Барон Трамп има дадилка?

Според сите изјави на Меланија, ова дете е одгледано исклучиво од неа. И самата има изјавено дека за толку мало дете, потребна е близина од родителите, а бидејќи Доналд Трамп постојано патува, таа е тука за својот син. Во неколку наврати јавноста имаше можност да ја види Меланија како го зема Барон од училиште, што значи дека таа му е посветена без исклучок.

Фото EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Барон течно зборува три јазици

Иако е роден Американец, тој има наследено и словенечки корени од мајка си. Учен е во духот и традицијата на тој јазик, а според Меланија, тој зборува течно словенечки, затоа што неговите баба и дедо живееле во непосредна близина со нив во Трамповата кула. Освен англиски и словененечки, тој зборува и француски.

Освен што е надарен за спорт и посетува скапо училиште, никогаш нема да го видите како носи тренерки.

Семејство Трамп
EPA-EFE/Stefani Reynolds / POOL

Ова дете е родено во семејство кое секогаш го „облекувало за успех’. Дури и на триипол годишна возраст, носеше одело на претставувањето на книгата на неговата полусестра Иванка Трамп.

„Тој не е дете за тренерки – вели Меланија. Нему не му пречи да носи одела, па и да става вратоврска како татко му. “

Но, не значи дека не сака удобност, понекогаш ја спарува својата школска униформа со омилените патики (New Balance, кои наводно чинат 149 долари пар).

Семејство Трамп
Семејство Трамп/Profimedia

Меланија објасни во интервјуто за „Parenting“ дека таа и нејзиниот сопруг имаат различни улоги и сосема е во ред тој да не му менува пелени или да го заспива. Според неа, тие одат заедно на вечера или играат голф и иако ова звучи како бизнис средба, сепак е тоа конекција помеѓу татко и син.

Поранешниот батлер на Доналд Трамп изјави дека Барон е копија на неговиот татко

Не е тајна дека Меланија Трамп јавно изјави дека Барон е мини верзија на својот татко. Она што е интересно и го поткрепува овој факт е дека поранешниот батлер на семејството, Тони Сенекал раскажа една анегдота во која го опиша малиот Барон баш како што тврди и неговата мајка.

„Го земав неговиот појадок од масата, Барон тогаш имаше само две ипол години“, се сеќава Сенекал. Тој седеше на своето столче за хранење и ми рече „Тони, седи! Мора да разговараме“.

Се чини дека навистина овој мал/голем наследник е во целост лика и прилика на својот татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот